Драчево, Долно Лисиче и Батинци добија вода, од „Водовод“ им благодарат на граѓаните за трпението

пред 2 години

Прекинот на водоснабдувањето во Драчево, Батинци, Моране, Долно Лисиче и околните места е саниран, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Овој тип на дефекти, се случуваат навистина ретко, но нивната природа предизвикува прекинато водоснадбусвање во подолг временски интервал. Благодарност до граѓаните од овој дел на градот, за трпението и разбирањето за време на отстранување на дефектот“, се навдува во соопштението на ЈП Водовод и канализација.

Според информациите од јавното претпријатие проблемот бил во пукната цевка со профил Ф600 на улица Борис Трајковски, но при копањето за санација на пукнатата цевка биле откриени уште неколку дефекти на спојките.

„Отстранувањето на дефектот беше успешно реализирано во 16:45, а водоснабдувањето за населените места Усје, Пинтија, Батинци, Студеничани и село Моране кои се снабдуваат со вода преку резервоари (висока зона), се нормализира по 18 часот“, стои во соопштението.

Share
Scroll to Top