Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

пред 2 часа

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени од трагедијата во „Пулс“, распределени се вкупно 3.153.204 денари. При тоа, 123 лица добиле по 15.968 денари, а кај други 19 лица, кај секој,  распределени се по 45.992 денари. На име на персонален данок (ППД) се исплатени 319.292 денари.

Ова вчера го соопштија волонтерите од „Супорт Кочани“, иницијатива формирана веднаш по катастрофалниот пожар од 16 март минатата година во кочанската дискотека „Пулс“.

Средствата од третата распределба преку заедничката наменска сметка се донации кои потекнуваат од Македонската православна епархија за Европа и од ослободена провизија од НЛБ Тутунска банка.

Со оваа распределба, процесот на директна финансиска поддршка продолжува во согласност со принципите на транспарентност, отчетност и правична распределба, порачуваат волонтерите.

Во трите распределби до сега, преку иницијативата „Супорт Кочани“, на 142 лица кои потпишале потреба за помош им се донирани во бруто износ вкупно 22.742.997 денари. Од оваа сума на име персонален данок (ПДД), исплатени се  вкупно 2.274.285 денари.

Текстот Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top