Државата ќе издвои 54 милиони денари како награда за здравствените работници

пред 3 години

Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Како што додаваат од таму, парите ќе бидат наменети за вработените во Ковид-центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.

„Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за Ковид-19 и за потребите на Јавните здравствени установи“, се наведува во соопштението.

Од ресорното министерство појаснуваат дека предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реалзираат и четвртиот сет мерки.

Share
Scroll to Top