Националниот статистички систем и Државниот завод за статистика (ДЗС) како негов координатор ја одбележуваат 77-годишнината од своето постоење.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во рамките на одбележувањето на овој значаен датум, на 1 јуни ќе биде објавен нов сет на податоци од Пописот 2021 – податоци за образовните карактеристики на резидентното население во Северна Македонија, како и податоци за неговата економска активност.
„Во овој сет на податоци ќе бидат објавени и податоците за попреченоста на населението“, информираат од ДЗС.
Како дел од одбележувањето на Денот на македонската статистика, на 1 јуни во 12 часот, во Домот на Армијата ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Живко Поповски – Цветин кои тој му ги подари на Заводот пред две години – по повод 75-годишниот јубилеј, но кои поради пандемијата не можеа да бидат изложени за пошироката јавност. На настанот ќе се обрати и директорот на ДЗС, Апостол Симовски.