Државјанин на Албанија фатен со лажен пасош на скопскиот аеродром

пред 4 години

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен државјанин на Република Албанија, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„ На 6 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при чекирање на билетот, лажна исправа употребил како вистинска. Тој искористил лажен француски пасош на друго име, кој според сите заштитни белези се разликувал од оригиналниот примерок на француска патна исправа“ соопшти МВР.​

Share
Scroll to Top