ДУИ ги потврди листите за пратеници и поддршката за Европскиот фронт и кандидатурата на Османи за претседател

ДУИ ги потврди листите за пратеници и поддршката за Европскиот фронт и кандидатурата на Османи за претседател

пред 2 месеци

Генералното собрание на Демократската унија за интеграција денеска во Тетово го одржа шестиот состанок на кој се расправаше за Европскиот фронт, претседателските избори и утврдување на кандидатските листи за пратеници.

Претседателот Али Ахмети ги информираше членовите на Генералното собрание на ДУИ за формирањето на Европскиот фронт и заедничката програма на коалицијата за евроинтеграции и спречување на руските влијанија во нашата земја и регионот.

Генералното собрание на ДУИ го поддржа формирањето на Европскиот фронт и заедничката кандидатура за претседател на Бујар Османи.

Генералното собрание на ДУИ ги потврди листите со кандидати за пратеници на Европскиот фронт презентирани од претседавачот Ахмети, и тоа:

I-ва изборна единица, носител на листа Блерим Беџети
II изборна единица, носител на листа Садула Дураку
III изборна единица, носител на на листа Сулејман Баки
IV изборна единица, носител на листа Енвер Хусеин
V-та изборна единица, носител на листа Зиадин Села
VI-та изборна единица, носител на листа Али Ахмети

Генералното собрание на Демократската унија за интеграција ги повикува сите членови на ДУИ и сите граѓани да го поддржат Европскиот фронт и кандидатурата за претседателските избори на Бујар Османи.

Текстот ДУИ ги потврди листите за пратеници и поддршката за Европскиот фронт и кандидатурата на Османи за претседател е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top