ДУИ го поздравува усвојувањето на економските мерки

пред 3 години

Демократската Унија за Интеграција го поздравува усвојувањето на 5-от пакет економски мерки што Собранието на вчерашната седница го одобри по неколку месеци одложување поради блокадата од страна на опозицијата со поднесување на илјадници амандмани.

„Почнувајќи од денес, граѓаните ќе придобијат од мерките на 5-тиот економски пакет, каде на нивните сметки ќе бидат уплатени платите за месец февруари и март, а компаниите ќе можат да аплицираат за овие мерки до 30 април“, велат од ДУИ.

Демократската Унија за Интеграција наведува дека како политичка партија ги поддржува сите законски иницијативи и проекти кои се во интерес на граѓаните, вклучувајќи го овде и инсистирање на усвојувањето на законите од 5-тиот пакет економски мерки преку кои финансиски се подржуваат над 60.000 граѓани и компании.

„Опозицијата со своето отсуство го држеше во заложништво кворумот во Собранието, со цел да не се одржи
седницата. Отсуството на двајцата претседатели на албанската опозиција во моментот на гласањето на законите од 5-от пакет економски мерки јасно покажува дека тие се насочени кон дневно политички поени, а не се посветени на луѓето од кои и ги добиле гласовите“, велат од ДУИ.

Партијата нагласува дека по одобрувањето на 4-тиот и 5-тиот пакет, се подготвува и 6-тиот пакет на економски мерки, во кои ќе бидат вклучени субјекти кои беа затворени во последните 14 дена и ова се очекува да биде на дневен ред на следната седница на Владата, каде што во 6-от пакет ќе има десетици мерки кои компаниите ќе можат да ги искористат за да се опорават од загубите предизвикани од пандемијата Ковид-19.

Share
Scroll to Top