ДУИ: Лажните вести на ВМРО имаат за цел да ги срушат достигнувањата на Албанците

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува кампањата на неоснована медиумска пропаганда со лажни вести кои имаат за цел институционална дефакторизација на Албанците во земјава, непочитување на вредностите на еднаквоста и дефокусирање на јавноста од приоритетите на развојот и евроинтеграциите, се вели во соопштението од ДУИ.

Сите наводи на овој опозициски субјект се веќе со факти демантирани и за ова јавноста е транспарентно информирана. Во врска со неоснованите и тенденциозни наводи за неправилности во користењето на електричната енергија во домот на претседателот Али Ахмети, на 27 септември 2021 година од ЕВН официјално соопштија дека инспекцијата не констатирала ниту една неправилност.

Од партијата наведуваат дека во однос на „машината за броење пари“, јавноста веќе знае дека сликата на претседателот Али Ахмети е направена во една канцеларија на едно претпријатие во Република Косово и оваа го потврдија и челниците на таа компанија.

Јавноста смета дека е иронично ВМРО да зборува за корумпираност на другите кога фактите говорат сами за себе, а граѓаните се веќе целосно свесни.

Во соопштението подолу стои дека сите неосновани обвинувања, но и последователните напади на Демократската Унија за Интеграција не покажуваат ништо друго освен неспособноста на ВМРО да ја промени реалноста и чекорењето на државата кон еден подобар развој, за кои ставот на ДУИ со целосен легитимитет од народот уште од нејзиното основање беше да се обезбеди проевропска иднина на земјата и вредности на европската демократија за општество кои нудат еднакви можности за сите.

Сосема е јасно дека ВМРО не сака силна Албанска партија која ја факторизира државата, која е максимално посветена на одржувањето на проевропскиот дух, туку сака свои соработници и аргати заедно со Левица во своите антиалбански ставови, во ставовите против Охридскиот Рамковен Договор, против Преспанскиот договор, против договорот за добрососедство, што јасно се докажа преку неуспешната пуч-коалиција „61“.

Од ДУИ истакнуваат дека на ВМРО мора да и стане јасно дека веќе 20 години постигнатите успеси кои ја направија оваа земја огниште на вистинска демократија, не се само успеси на ДУИ, туку и на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Share
Scroll to Top