ДУИ прогласи победа на изборите во Дебар

пред 2 години

Кандидатот на ДУИ за Општина Дебар, Хекуран Дука прогласи победа во вториот круг на локалните избори.

Во трката за градоначаник на оваа општина улествуваа Хекуран Дука од ДУИ, поддржан од СДСМ со коалицијата и Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Општинската изборна комисија до 18:30 часот, правото на глас го оствариле 8.534 граѓани или 44,46 отсто од вкупно запишаните 19.211.

„ Голема победа во Дебар, заслужена и праведна“, напиша на Фејсбук лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Share
Scroll to Top