Еврокомесарот Вархеји денеска во Скопје

пред 4 години

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска престојува во земјава и ќе има средби со државниот врв. Како што е најавено, во неговата агенда прва е средбата со премиерот Зоран Заев и со членови на Владата. По билатералната средба и свечената седница на Владата, Заев и Вархеји ќе одржат прес-конференција. Предвидено е еврокомесарот да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и да има обраќање пред пратениците во законодавниот дом. Најавен е и работен ручек на Вархеји со претседателот на државата Стево Пендаровски. За време на престојот во земјава, еврокомесарот ќе се сретне и со лидерот на ВМРО–ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Вархеји доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, како и економскиот план за Западен Балкан. Тој порача дека целта на Европската комисија и на германското претседателство е првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи до крајот на годинава.

Share
Scroll to Top