Еден тешко и тројца полесно повредени во сообраќајка кај Охрид

пред 3 години

Четворица луѓе се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат од с.Подмоље кон Охрид во близина на бензинска пумпа.

Во несреќата учествувале три возила – „ауди“, „фолксваген“ и „рено-лагуна“.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.П., а додека со повреди се здобиле Д.Љ., И.Л. и сопатникот во патничко моторно возило„рено-лагуна“, Н.Ј.(22) од с.Лескоец,охридско.

Сите учесници во незгодата се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ и во Општа болница Охрид, за укажување на лекарска помош. За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Share
Scroll to Top