Една година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, превозникот нема да смее да вози патници четири години

Една година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, превозникот нема да смее да вози патници четири години

пред 3 години

Сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу, доби една година и осум месеци казна затвор и глоба од 800.000 денари, а изречена беше и четиригодишна забрана за вршење меѓународен превоз на компанијата. Според судот, сопственикот и превозникот се виновни бидејќи немале извод од лиценцата што треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски, а границата се поминувала со лажен документ.

Според обвинението, Хаџиу како управител на фирмата „Беса транс БТБ“ ДООЕЛ Скопје од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти можности и слични околности, преку возачите што управувале автобус во сопственост на фирмата извршил повеќе временски поврзани дејства и употребувал лажна јавна исправа како вистинска – извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Пресудата се однесуваше на продолженото кривично дело фалсификување исправа, а не за причините за сообраќајната незгода.

Текстот Една година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, превозникот нема да смее да вози патници четири години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top