Една година „Никоб Медикал“ – Постоиме заради Вас слушајќи го вашиот глас

пред 2 години

Една година заедно со Вас се соочивме со предизвиците кои ги донесе пандемијата од КОВИД -19.

Одговоривме на секој Ваш повик, пристапивме кон секој Ваш здравствен предизвик и ги решававме вашите медицински потреби. Ги понудивме нашите капацитети и услуги прилагодени според вашите потреби.

За една година созадовме кадар од 82 високо обучени млади доктори, сестри/техничари, распоредени во 25 тимови со по еден доктор, медицинска сестра и возач, достапни, брзи и ефикасни, а на располагање Ви се и 10 најмодерни амбулантни возила, 2 санитетски возила и 5 леки коли за домашна посета и истите беа за неколку минути во вашите домови во Скопје и еднакво брзо и надвор од градот.

Чест и гордост ни е што 4.600 задоволни пациенти ги користат нашите пакети на услуги, а за една година реализиравме и над 10.000 интервенции во Скопје, државата и надвор од неа. Поминавме над 35.000 километри во меѓународен транспорт и брзо и безбедно стигнавме до Истанбул, Солун, Атина, Приштина, Бон, Белград, Будва, Венеција и Цирих.

Но, ние тука не застануваме, продолжуваме уште посилно и попосветено за вашите потреби и што е исто така важно, со цени прилагодени според вашите финансиски можности.

Остануваме достапни кога е најпотребно, бидејќи за животот се работи!

Срдечно,

ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ

(ПР-текст)

Share
Scroll to Top