„Еко – свест“: Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на проблемот со Југохром

„Еко – свест“: Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на проблемот со Југохром

пред 3 часа

Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на проблемот со Југохром, бара Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко – свест“.

„По актуелизирањето на ризикот од токсичната депонија со 6 – валентен хром во Јегуновце да го загади изворот за вода Рашче, Владата на Република Македонија одлучи да преземе мерки за спречување на загадувањето. Во моментов постои донатор кој може преку грант да го финансира првиот чекор – санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за расчистување на депонијата со 6 – валентен хром. Но, за да се отвори можноста за финансии, потребно е Министерот да ја достави потребната документација“, велат од таму.

Од „Еко – свест“ бараат Министерот за животна средина итно да ги достави потребните документи за да не се испушти можноста за финансирање на овој проект и велат дека ова е прв чекор кон трајно решавање на проблемот.

„Доколу рокот не се испочитува, нема да има финансиска помош, а со тоа ризикот од понатамошно загадување останува“, велат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко – свест“.

Текстот „Еко – свест“: Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на проблемот со Југохром е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top