Славниот режисер Емир Кустурица ја прифатил понудата на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, да ја преземе функцијата генерален директор на Централниот театар на руската армија, јавуваат руските медиуми.
„За мене голема чест е понудата на Сергеј Шојгу да станам генерален директор на театарот. Сцената на рускиот армиски театар има голема историја и традиција. Креативните планови за новото издание вклучуваат пренесување на делата од познати филмови во театарот“, рече Кустурица додавајќи дека во свет во кој вредностите многу брзо се менуваат, ќе се обиде да ги задржи класичните вредности.
Емир Кустурица е роден во 1954 година во Сараево. Режисерското образование го добил во Чешка, на Академијата за изведувачки уметности во Прага. Кустурица светската слава ја стекна благодарение на филмовите „Циганско време“, „Подземје“, „Црна мачка, бела мачор“, „Животот е чудо“. Во 1985 година Кустурица ја доби Златната палма на Канскиот филмски фестивал за филмот „Татко на службен пат“, а во 1995 година за „Андерграунд“.