ЕСМ повторно не достави понуда за тендерот на ЕВН Хоум

пред 2 години

АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за знабдување на домаќинствата и малите потрошувачи. Од ЕСМ велат дека ова е затоа што одлуката на Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоум е за 12-месечен период.

„Одлуката од Владата на Република Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022 се однесува на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12-месечен период. Од тие причини, АД ЕСМ денеска не поднесе понуда“, стои во соопштението од ЕСМ.

Од таму посочуваат дека ќе се јават на следниот тендер на универзалниот снабдувач кој треба да биде за периодот јануари-јуни 2022 година.

Вчера, министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека цената на струјата во следните шест месеци од 2022 нема да се зголеми повеќе од 10 проценти.

Share
Scroll to Top