Во скопската општина Аеродром и денеска ќе навива за македонските фудбалски херои кои од 18 часот ќе настапат против тимот на Холандија во рамките на Европското првенство, што воедно е и последниот натпревар во репрезентацијата на капитенот, Горан Пандев.
Натпреварот, како и претходните два, ќе биде пренесуван на голем екран поставен во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче, а еден час пред почетокот ќе има едночасовна програма за забава и дружење на љубителите на спортот.
Општина Аеродром, како и претходните натпревари, така и денеска, очекува голем број посетители, кои заеднички и еуфорично ќе го проследат последниот натпревар на нашите фудбалери на годинешното Европско првенство.
Причина плус за следење на овој фудбалски натпревар со Холандија е тоа што капитенот Горан Пандев, кој остави огромна трага во македонската фудбалска историја, најави дека тоа ќе биде и негов последен настап во дресот на македонската репрезентација
Настанот ќе се одржи според сите протоколи на отворено, а присутните се замолуваат да ги почитуваат сите пропишани мерки.