Жена заклучена во хотелска соба на Бит Пазар, го скршила прозорот и избегала

пред 3 години

Дваесетгодишна скопјанка била заклучена во соба во хотел на Бит Пазар.

Според информациите, ноќеска во 03.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Ф.(36) од Скопје пријавил дека вечерта околу 21.30 часот во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил нападнат со тврд предмет од С.М.(41) од Скопје.

Во врска со настанот, на 28.03.2022 во 22.30 часот, М.Е.(20) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот со А.Ф.(36) отишла во хотел на подрачјето на Бит Пазар, но кога сакала да си замине, настанала расправија помеѓу нив и А.Ф. не ѝ дозволил и ја заклучил.

Според пријавеното, таа го скршила стаклото и се јавила на С.М.(41), кој дошол и физички го нападнал А.Ф.. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Share
Scroll to Top