Жена прегазена во Скопје

пред 3 години

Во утринските часови на 26 ноември во скопската полиција бил пријавен случај на прегазен пешак.

Според пријавата, настанот се случил на улицата „Босна и Херцеговина“ во круг на скопска фирма, кога автомобил „нисан“ управуван од Т.Ч.(35) од селото Побожје, удрил во пешак од Скопје.

Станува збор за 63-годишна жена со иницијали С.С. која со возило на итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки повреди, по што подоцна им подлегнала на повредите.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top