Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

пред 4 часа

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

УХМР јавува дека во следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Текстот Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top