Жителите на Кучково излегоа на протест: Во летните горештини сме оставени без вода

пред 3 години

Жителите на Кучково излегоа на протест преку кој го изразија своето незадоволство од фактот дека во летните горештини тие мака мачат да се снабдат со вода.

Во знак на револт денеска тие го блокираа патот кој води до селото и побараа од општината да го реши нивниот проблем. Велат дека ќе блокираат и протестираат додека не се реши горливото прашање кое се провлекува веќе три години.

Според информации на некои жители, проблемот е настанат затоа што општина Ѓорче Петров не ги напалаќа услугите кон фирмата задолжена да црпи вода во водоводот.

Самостојниот водовод во селото Кучково чистата вода за пиење ја црпи од подземниот бунар кај манастирот „Свети Ѓорѓија“.

Share
Scroll to Top