Жител на Добридол приведен за предизвикување на пожар во селото

пред 3 години

Во врска со пожарот во гостиварското село Добридол, кој е локализиран, полицијата вчера го лишила од слобода Н.Б. (34) од истото село.

Поради сомение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ова е петто приведено лице во врска со сомненија за предизвикување пожари во последниве три дена.

Во текот на денешниот ден беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, вчера за пожар во ресенско, а на 4 август беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над селото Пожаране во општина Врапчиште.

Во меѓувреме, полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со Јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане.

Share
Scroll to Top