Забрана за камиони на патот Струга-Ќафасан

пред 3 години

Од 17.00 часот поради врнежи од снег и ниски температури на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан се воведува забрана за сообраќај на тешките товарни возила. За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат, соопшти АМСМ.

Забрана за тешки товарни возила поради врнежи од снег и ниски температури од 10:00 часот е воведена и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража. Исто така од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

Share
Scroll to Top