Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Забрана за тешки товарни возила во правец село Лисец – Попова Шапка

пред 4 недели

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија,додека во останатите делови врнежите се од дожд. На планинскиот премин Ѓавато има магла со видливост од 200м, велат од АМСМ.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с.Лисец – П.Шапка , а за останатите возила задолжително користење зимска опрема (ланци).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Забрана за тешки товарни возила во правец село Лисец – Попова Шапка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top