Заврши привремениот престој во земјава за група Авганистанци, прибежиште им е Франција додека чекаат азил

пред 3 години

Група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Македонија, замина синоќа од Меѓународниот аеродром Скопје. Прибежиште им обезбеди Франција, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.

Северна Македонија учествува во меѓународната хуманитарна мисија со тоа што до сега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

За периодот на престој во земјава им се обезбедува сместување во објекти во Скопје, здравствена заштита и психосоцијална поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Share
Scroll to Top