Заврши учебната година, за Јаневска била подобра од претходната, во следната очекува  соработка со родителите за справување со врсничкото насилство

Заврши учебната година, за Јаневска била подобра од претходната, во следната очекува соработка со родителите за справување со врсничкото насилство

пред 4 часа

Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на образовниот систем, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска.

На сите основци и средношколци им честита за постигнатите успеси. Им посака убав летен распуст.

Порача дека наставниците се и остануваат најважниот столб на квалитетното образование.

„За дополнително да ја поттикнеме нивната мотивација и креативност, донесовме одлука за ново зголемување на платите за 7,5 проценти, со што кумулативниот раст во последните две години надминува 20 проценти.

Паралелно вложувавме во подобрување на условите за настава и работа, но и во создавање можности за професионален и кариерен развој. Реализиравме нови повици за напредување на наставниците и стручните соработници во звања ментор и советник во основното образование, а за првпат оваа можност се обезбеди и во средното образование.

Важно е да останеме партнери и во иднина“.

Јаневска изрази увреување дека заеднички ќе бидат реализирани сите цели и активности предвидени со Реформската агенда.

Посебна благодарност упати и до родителите и старателите.

„Во следната учебна година очекувам уште поголема проактивност и соработка, особено во справувањето со предизвикот на врсничкото насилство. Секој од нас има подеднакво важна улога во создавањето безбедна, мирна и поттикнувачка училишна средина.

Пред Министерството за образование и наука претстои работно лето. Во тек се повеќе значајни процеси на кои сме целосно посветени – реализацијата на државната матура, уписите во средното образование, набавката на нови учебници, изработката на нови наставни програми, забрзувањето на дигитализацијата, како и завршувањето на повеќе инфраструктурни инвестиции.

Задоволни од досега сработеното, продолжуваме мотивирано и посветено да создаваме уште подобри услови за успешна учебна 2026/2027 година“, вели Јаневска.

Текстот Заврши учебната година, за Јаневска била подобра од претходната, во следната очекува соработка со родителите за справување со врсничкото насилство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top