Со завршни зборови на одбраната, во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а над 30 беа повредени.
Како што е најавено, завршен збор треба да даде одбраната на четвртообвинетиот Горан Дуковски, петтообвинетиот Јане Боварски и на шестообвинетиот Маноил Трифуновски.
На минатото рочиште завршни зборови даваа бранителите на второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски.
Завршни зборови на изминатата расправа даде јавниот обвинител Дарко Јакимовски, но и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули.
Текстот Завршни зборови на одбраната за автобуската несреќа кај Ласкарци е превземен од МАКФАКС.






