Загинатите во несреќата се враќале од екскурзија во Истанбул

пред 2 години

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според информациите, тие се враќале од екскурзија во Турција.

Биле четири автобуси, а овој што се запалил возел последен. Пред несреќата, автобусите застанале на бензиска пумпа, за да се одморат. Како што наведуваат бугарските медиуми, еден час по пaузата се случила несреќата. Автобусот прво се запалил, па се превртел и тоа од страната на вратите, поради што луѓето не можеле да излезат.

Тие седуммина што успеале да се спасат, ги искршиле прозорците и скокнале.

Телата на загинатите се целосно јагленосани, изгорени до непрепознатливост, па утврдувањето на нивните идентитети ќе оди тешко, рекоа бугарските истражни органи, кои излегоа веднаш на местото на несреќата.

Share
Scroll to Top