Задолжително психијатриско лекување за кавадарчанец кој се обидел да ја силува својата малолетна сестра

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Обвинетиот, во периодот од 13. до 15. декември 2021 година, во состојба на битно намалена пресметливост, искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па се обидел врз неа да изврши полови дејствија.

Оштетената го оттурнала и тој паднал на земјата, па делото останало недовршено.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Исто така, со оглед на тоа што со психијатриско вештачење било утврдено дела делото е сторено во состојба на битно намалена пресметливост, јавниот обвинител му предложи на Судот, покрај изречената казна, на обвинетиот да му изрече и задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.​​

Share
Scroll to Top