Заев за планот на Радев: Нема потреба од разузнавачки служби

пред 4 години

Одговарајќи на новинарско прашање за веќе изнесениот став на бугарскиот претседател, премиерот Зоран Заев истакна дека на никого во државата не му се нарушени правата и ист е случајот како што рече и кај граѓаните кои се декларираат како Бугари.

„Испраќам силна порака до соседна Бугарија, гледам дека претседателот Радев свикал состанок, да бидеме внимателни заради тоа што секогаш сме знаеле да дадеме одговор за било која нивна загриженост, како што и тие знаеле да дадат одговор на наша загриженост. Да не потпаѓаме под било какви инсинуации или неточни иформации“, рече Заев.

Додаде дека информациите секогаш можат да се проверат.

„Ние сме земји членки на НАТО, ние сме сојузници не ни треба испраќање на не знам некакви разузнавачки служби, посебни служби да ги утврдат правата на граѓаните. Правата на граѓаните се светост во нашата земја верувам и во Бугарија е така и треба за пример да ги решаваме ваквите проблеми“, истакна премиерот.

Изрази уверување дека состанокот кој го свикал бугарскиот претседател Радев е само информативен состанок од кој што како што рече, би се собрале информации од граѓани кои се со бугарска определба.

Тие како што рече Заев, би можеле да споделат информација доколку некаде некои права „не се признаени“.

„Недозволиво е прво мешање на туѓа земја во туѓа земја и тоа е декларирано во Договорот за пријателство и добрососедство и соработка со Бугарија. И во разговорите одиме и понатаму, немешање во малцинства затоа што тоа се решава при Совет на Европа. Но дефинитивно ниту има потреба, ниту треба да дојде до судови“, потенцира Заев.

Share
Scroll to Top