Заев: Како секој затвореник и Кичеец има право да се лекува

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев вели дека Зоран Милески – Кичеец, кој беше еден од учесниците во стравотната сообраќајна несреќа во саботата на Стража на патот Маврово-Кичево, имал право, како и секој издржувач на затворска казна, да патува, да оди на викенд, да користи годишен одмор.

Заев денеска на обраќањето пред Пошта на Република Северна Македонија за време на промоцијата на новата поштенска марка по повод 30 годишнината од осамостојувањето, рече дека нема сознанија зошто Кичеец патувал во Скопје, но се заинтересирал за настанот и ја контактирал Управата за извшрување санкции.

„За настанот дознав од медиумите. Прво сакам да изразам сочувство до семејството за загинатиот, а на повредените да им посакам побрзо закрепнување од оваа сообраќајка незгода. Разговарав со директорот на Управата за извршување на санкции, и тој ме информираше дека Милески имал целосна документација за лекување. Тоа е право на секој затвореник, како што има право на годишен одмор, има право на викенд, така има право на лекување. За деталите ве упатувам на Управата за извршување на санкции. Не знам зошто се упатил кон Скопје, можеби поради лекарска помош, треба да прашате во Управата“, рече Заев.

Share
Scroll to Top