За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда, со овие зборови преку социјалните мрежи, Зоран Заев се обрати до јавноста, првпат откако најави оставка од премиерската функција и претседателската позиција во СДСМ.
„Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите“, посочува Заев.
Сепак, тој нагласува дека во државата има народ, граѓани, демократи, борци и политичари кои, како што вели, нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.
„Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници. Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности“, порача Заев преку социјачните мрежи.





