Премиерот Зоран Заев остварил средба со Мендух Тачи и со Билал Касами за локалните избори, а до крајот на оваа недела најави дека ќе се сретне и со Али Ахмети.
Коалициското поставување, како што рече Заев, е логично и најверојатно 50 отсто ќе биде настапот во првиот круг од изборите, додека 25 или 30 проценти ќе биде коалициски настап во вториот круг.
„Тоа што сме коалиција на централно ниво, убаво би било да биде преточено и на локално ниво. Логично е коалициски да се поставиме. Најголем дел ќе бидат коалициски настапи во првиот круг, 50 отсто, 25 или 30 проценти би биле во вториот круг и некаде по завршуавње на изборите ќе правиме повторно коалиција“, изјави Заев.
Премиерот оцени по средбите дека генерално сите се реалисти во однос на коалициското позиционирање и потврдуваат меѓусебно помагање.