Заев-Пахор: Словенија и цела Европа поддржуваат почеток на преговорите за Северна Македонија

пред 3 години

Претседателот на Владата Зоран Заев, на маргините на Бледскиот стратешки форум, се сретна со со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Словенечкиот претседател Пахор на средбата го афирмираше ставот на неговата земја дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Премиерот Заев и претседателот Пахор на средбата споделија дека лидерите постојат за да наоѓаат решенија и дека современото живеење и глобалните текови бараат храбри и мудри чекори од страна на политичките лидери на Европа.

Заев потенцираше дека Европа препозна дека граѓаните на Северна Македонија покажаа храброст и ги прифатија европските вредности и дека земјата направи сѐ за да продолжи по европскиот пат напред. Тој ја поздрави определбата на Словенија за време на нејзиното претседателство со ЕУ да спроведе храбри одлуки и решенија во корист на проширувањето.

Двајцата соговорници на средбата, истакнаа дека Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија и дека словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение.

Share
Scroll to Top