Заев: Упатувам силна осуда за агресијата врз Украина

пред 3 години

Поранешниот премиер Зоран Заев попладнево преку социјалните мрежи ја осуди агресијата врз Украина и упати поддршка до раководството на земјата.

„Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ. Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст.

Тие се нашите херои, а ние нивните поддржувачи.

Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината“, се посочува во објавата на Заев.

Како што вели тој, Северна Македонија, НАТО, ЕУ и целиот демократски свет, стојат исправено на страната на мирот, дијалогот и безбедноста, наспроти опасните воени и нецивилизациски агресори.

Share
Scroll to Top