ДПМНЕ-ЗНАМ прават национално предавство, со договори-мигранти за пари ја продаваат Македонија.
Нема пари во буџетот, државата доцни со исплата на социјална помош, породилно, поврат на ДДВ, нема пари за поголеми плати и пензии. Дупката е веќе 1 милијарда евра, велат од СДСМ.
На власта, додаваат од опозициската партија во соопштението, и требаат пари ама не за плати и пензии туку да продолжи со криминалните тендери.
„161 тендер за една фирма, 14,5 милиони евра за две фирми, сите граѓани веќа видоа како се испумпуваат парите на граѓаните.
Затоа ја продаваат Македонија, за пари.
Нема да седиме со скрстени раце додека ДПМНЕ-ЗНАМ ја распродаваат Македонија.
Заедно со граѓаните ќе ставиме крај овие предавнички и криминални политики. Крај на предавството на Македонија“.
Порачуваат дека доаѓа крајот на, како што велат, предавничките ДПМНЕ-ЗНАМ.
Текстот Заедно со граѓаните ќе ставиме крај на предавничките ДПМНЕ-ЗНАМ, порачуваат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.






