Законот за работни односи, за кој што беше тепачката, остана неизгласан

пред 2 години

Мали или скоро невозможни се шансите да се изгласаат измените на Законот за работни односи, за кој во изминатите два дена имаше тепачка, тензии, навреди. Потпретседателот на Собранието, Горан Мисоски, ја отвори седницата за интерпелација на собранискиот спикер Талат Џафери. Оваа седница е во тек и треба да трае до 12 на полноќ, кога треба да се гласа дали Џафери ќе остане на функцијата. Ова значи дека нема да има можност во текот на денот да се продолжи пленарната седница на која требаше да се дискутира за Законот за работни односи со кој околу 60 судии и девет обвинители наместо во пензија, ќе можеа до 67 години да продолжат да судат и обвинуваат.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Мандатите на деветте обвинители кои имаат по 62 односно 64 години, беа продолжени со одлука на Советот на јавни обвинители до денеска. Бидејќи Законот нема да се гласа, а седницата е одложено до неодредено време, Советот на јавни обвинители утре ќе констатира престанок на функцијата.

На Елизабета Ристеска од Вишото јавно обвинителство – Скопје, Сулејман Алијевски од Обвинителството во Битола, Снежана Зафирова од Обвинителството во Кочани, Елица Илиевска од Обвинителството во Скопје, Гордана Смаќоска од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Жулиета Карова Бошевска од Обвинителството во Битола, Милка Спиркоска – Обвинителството во Прилеп, Имран Османи од Обвинителството во Скопје и Јован Илиевски – Јавното обвинителство на С. Македонија поради исполнување на услови за старосна пензија, ќе им престанат мандатите.

За дискусија за Законот за работни односи што ќе им овозможи на судиите и обвинителите да не се пензионираат и да работат до 67 години, се пријавија цела опозиција. Сите се јавени како за реплики, така и за контра реплики. Седницата треба да трае до исцрпување на дискусијата. Истиот се носи со европско знаменце и скратена постапка.

Поради Законот за работни односи, два дена имаше тензични седници. Претседателот на Комисијата за европски прашања фрлаше со предмети по пратеници и неколку пати го удри пратеникот Антонио Милошоски по рака. Потпретседателката на Комисија, Арта Биљали-Зендели поради измените на Законот, се скара со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Хаос имаше и на Законодавно-правната комисија, за каде, премиерот Димитар Ковачевски велеше дека пратеник и го снимал деколтето на претседателката Снежана Калевска-Ванчевска.

Share
Scroll to Top