Маж побарал лекарска помош откако бил погоден од залутан куршум во Демирхисарско, информира МВР.
„На 13.11.2020 во 15:45 часот во Одделение за внатрешни работи Демир Хисар од лекар во итна медицинска помош Демир Хисар било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош дошол 55-годишниот Б.И. од Битола, кој бил погоден од залутан куршум во атар на село Суводол, демирхисраско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ соопшти полицијата во дневниот билтен.