Запален автомобилот на сопругата на Шилегов

пред 2 години

Три часа по полноќ, во скопската населба Тафталиџе, настанал пожар во кој изгорел автомобилот кој го управувала Јасмина Шилегова, сопруга на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Покрај нејзиниот, изгорело уште едно возило марка „пасат“, кое било сопственост на комшии на Шилегови. Зафатени биле и две други возила марка „нисан“ и „матиз“. Петре Шилегов за „Макфакс“ вели дека немал никакви дојави за да се сомнева дека ќе биде запален автомобилот на неговата сопруга.

„Не знам што се случило. Ние пријавивме опожарени возила, едното е џипот на сопругата и другото е пасатот на комшијата. Немам индиции никакви, прерано е да кажам, истрагата е во тек. Очекувам дека полицијата брзо ќе ја заврши истрагата. Нема никакви најави или дојави за таква работа. Стварно не знам. Нема повредени, за жива среќа, бидејќи коли се купуваат, луѓе не. Немам официјално ништо за причините. Бидејќи почнаа веројатно гумите да пукаат, ме разбудија, пријавив одма во Пожарна и полиција.

Од МВР велат дека настанот бил пријавен во три часот по полноќ.

„Настанал пожар во патничко моторно возило ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила ‘пасат’, ‘матиз’ и ‘нисан’ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53)“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top