Запленети илјада пиротехнички средства на граничниот премин Делчево

пред 3 години

Полицијата заплени илјада пиротехнички средства на Граничен премин Делчево.

Според информациите на МВР, денеска на Граничен премин Делчево, при влез во земјава, полициски службеници извршиле преглед на багаж на П.П. од Битола, кој пеш ја поминувал границата, при што биле пронајдени 886 парчиња различни видови на пиротехнички средства.

Пронајдените предмети биле одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top