Започна реставрацијата на Базиликата на Светиот гроб во Ерусалим

пред 3 години

Започнаа опсежни реставраторски работи на камениот под на Базиликата на Светиот гроб во Стариот град во Ерусалим.

Портпаролот на Грчката православна црква, Иса Муслех, изјави дека реновирањето би можело да потрае до три години и дека ќе чини околу 11 милиони долари, пренесуваат агенциите.

Парите за проектот за поправка или замена на скршените камени плочки ги донираа, меѓу другите, Италија, јорданскиот крал Абдула и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Share
Scroll to Top