Застрелан маж за време на лов

пред 3 години

Триесетгодишен маж со иницијали Х.Т. бил застрелан вчера за време на лов во атарот на селото Лева Река, Ресенско.

Тој заедно со Д.Ф. од Ресен заминал на лов, пришто во еден момент Д.Ф. испукал еден патрон со кој го погодил Х.Т..

Повредениот бил  пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

На местото на настанот била пронајдена ловечка пушка „Бајкал“ кал.12х70мм. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Share
Scroll to Top