Во координирана акција на штипската и скопската полиција во текот на вчерашниот ден на лице место било фатено лице при обид да изврши измама.
Како што информираат од МВР, според истрагата постојат основи на сомневање дека измамите на подрачјето на СВР Штип (Штип, Свети Николе и Берово) за наводна набавка на жито ги извршил Б.А., кој се наоѓа во затвор, а преку соучесникот Г.Г. ја наплаќал договорената непостоечка житна култура.
Во координација на полициските одделенија, а по насоки на јавен обвинител извршени биле претреси на две локации во Скопје и притоа пронајдени биле предмети кои потекнуваат од кривично дело измама, пријавено на подрачјето на СВР Штип.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава до надлежниот обвинител.