Затворен угостителски објект во село Вруток, работел по дозволеното време

пред 4 години

Инспекторите затворија угостителски објект во село Вруток затоа што работел по дозволеното време.

Според информациите на МВР, вчера во 21.20 часот, полициски службеници со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во Вруток, гостиварско, сопственост на К.С.(23) од село Вруток, при што констатирале дека објектот работи и внатре биле затекнати 13 лица со сопственикот.

Поради непочитување на работното време, односно постапување спротивно препораките од Владата, објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против К.С. ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Share
Scroll to Top