Затворенa кафеана на автопатот Скопје-Тетово, работела со гости по дозволеното време

пред 3 години

Синоќа во 21.50 часот, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано непочитување на работното време, односно биле затекнати 13 гости.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а управителот В.Т.(30) од Тетово бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Share
Scroll to Top