Захариева: Говорот на омраза во Северна Македонија во последно време е целосен безобразлук

пред 4 години

Она што се случува со говорот на омраза во Северна Македонија во последно време е целосен безобразлук, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во емисија на бугарската телевизија „Нова“, по објавата на социјалните мрежи на претседателот на Надзорниот одбор на МИА, Зоран Иванов.

Таа вели дека многу пати било официјално сигнализирано за говорот на омраза од страна на Северна Македонија.

„Повеќе од година и пол немаме одговор за програмата за култура, образование и спорт. Дури сега тие одлучија да одговорат на предлогот на Министерството за одбрана Бугарија да им помогне во заштитата на воздушниот простор. Тие ја прекинаа работата кршејќи го договорот на историската комисија. Како жена, негодувам за нивниот јазик и сексизам. За балканскиот сексизам нема место во Европската унија“, рече Захариева.

Таа вели дека македонската влада реагирала за статусот на Иванов откако Бугарија испратила сигнали за тоа.

„Кога 30 години не само што толерирате, туку и стимулирате државна политика заснована на омраза кон бугарскиот народ и Бугарија, не можете да бидете подготвени да започнете преговори за членство во ЕУ. Ова е во спротивност со европските вредности. Ова е нашиот аргумент“, објасни Захариева.

Share
Scroll to Top