Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

пред 4 часа

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, денеска го оствари своето право на глас во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје.

По гласањето, Зајкова ги повика граѓаните да го искористат своето најмоќно демократско право, правото на глас.

„Денес ја исполнив мојата граѓанска обврска и го дадов својот глас за развој и подобра иднина на нашите општини и на Град Скопје. Важно е да одлучуваме разумно и одговорно, со мисла за иднината на нашите заедници. Посакувам победа на кандидатите со визија, на оние што нудат реални решенија, проекти и резултати за граѓаните“, порача Зајкова и додаде дека е време да сведочиме на вистински развој, а не на блокади и изговори кои ја кочат државата и ги чинат граѓаните милиони.

„Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас“, рече Зајкова.

Текстот Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top