За време на забраната за собири тетовската полиција во казино затекнала 50 лица

пред 4 години

Полицијата поднесе кривична пријава против 30-годишниот тетовец Б.П, кој како овластено лице во казино се товари дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи.

Како што информираат од МВР, на новогодишната ноќ на 31 декември 2020 кон 1 јануари 2021, полициски службеници од Жеровјане извршиле контрола во казиното и притоа биле затекнати 50 лица, со што било постапено спротивно на препораките и мерките на Владата за спречување на ширењето на Kовид-19.

Share
Scroll to Top