За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

пред 6 часа

Во решавање на проблемот со депонијата Вардариште треба да се вклучат сите институции, да им најде соодветен дом на луѓето кои живеат среде ѓубрето и просторот да се исчисти. Вака министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски смета дека треба да се разреши проблемот оти Министерството не може во овој момент строго да го ограничи излезот и влезот на депонијата оти таа им е живеалиште на над 200 луѓе.

„За Вардариште, на жалост во рамки на онаа дива депонија која што ја имаме живеат некаде над 200 луѓе. Во депонијата, во среде депонија живеат над 200 луѓе. Замислете. Страшно е ова. Страшно е од секој аспект. Индициите се дека потпалувањата кои што ги имаме таму се сторени од дел од тие луѓе. Од мал дел од тие луѓе кои што живеат таму. Ние не можеме да го ограничиме правото на пристап до живеалиштето кое што го имаат. Ние не можеме да спречиме тие луѓе да влегуваат и да излегуваат од оној периметар кој што го имаме“, рече министерот тошковски.

И денес Тошковски потсети дека проблемот се таложел со години и нагласи дека не може да се реши преку ноќ, за една – две недели ниту пак месец- два оти бара поширок институционален пристап.

„Таму треба системско решение. На тие луѓе треба да им се најде место за живеење, соодветно. Тие луѓе треба да бидат дислоцирани од таму, тој простор треба соодветно да се исчисти. Оној отпад што ќе се подигне од таму да се однесе на друга соодветна локација за таков тип на отпад. Потоа да се даде во надлежност на оние кои треба, тоа не е надлежност на МВР. Овде треба еден поширок институционален пристап, темелен. На жалост тоа не можеме да го направиме за недела две, месец-два за трајно да го решиме не само проблемот со Вардариште туку со сите депонии. Но пак ќе повторам, првично таму живеат повеќе од 200 луѓе во рамки на таа депонија. Додека не се реши што ќе правиме со тие луѓе, каде да се дислоцираат тие луѓе, како да им се помогне на тие луѓе за пристоен дом, таму овој проблем што го имаме секогаш ќе се појавува“, вели министерот Тошковски.

Тој повика не само институциите туку и секој граѓанин да даде придонес за побезбедна Македонија и кажа дека во решавање на проблемот со палењето на депониите се вклучени не само сите капацитет на МВР туку и капацитетите на Агенцијата за национална безбедност  и максимално се инстензивирани набљудувачките системи кои ги имаат.

Текстот За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top