За СДСМ договорите со Орбан биле сомнителни, ВМРО-ДПМНЕ вели дека имало официјална меѓудржавна соработка, а не тајни бизнис врски

За СДСМ договорите со Орбан биле сомнителни, ВМРО-ДПМНЕ вели дека имало официјална меѓудржавна соработка, а не тајни бизнис врски

пред 2 часа

Од СДСМ соопштија дека по падот на власта на Виктор Орбан во Унгарија, може да дојде до откривање на, како што наведуваат, „тајни бизнис комбинации“ меѓу Орбан и Христијан Мицкоски.

Во соопштението се наведува дека „Мицкоски ги ставил стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан“, како и обвинувања поврзани со медиуми, телекомуникации, енергетика и кредити. СДСМ посочува дека „сите овие договори мора да бидат детално истражени“ и најавува дека ќе бара целосна истрага.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија ваквите наводи, наведувајќи дека „нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија“.

Тие посочуваат дека постојат „официјални државни договори и соработка меѓу Македонија и Унгарија“, како дел од соработката меѓу две европски држави.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ го повика Венко Филипче да се фокусира на состојбата во СДС и да се огради од Зоран Заев.

Од партијата додаваат дека надлежните институции треба да постапуваат по сите информации изнесени во јавноста.

Текстот За СДСМ договорите со Орбан биле сомнителни, ВМРО-ДПМНЕ вели дека имало официјална меѓудржавна соработка, а не тајни бизнис врски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top